„Затвор“

 

Роб на своите мисли,
чувар на внатрешниот глас
од кој некогаш ти доаѓа
да викнеш на цел глас:
„не ме измачувај“.
Вечен судија
и морален проповедник,
гласот кој ти зборува одвнатре:
„така не треба“.
Роб на своите мисли,
осуден доживотно
и без помилување
во сопствената кожа.
Од која не можеш да побегнеш,
која ти служи,
ако ја служиш,
која те наградува
ако си послушен,
која те казнува
ако си лош кон неа,
која те следи
насекаде и засекогаш.
Роб на своите мисли
на тие тивки убијци
кои немилосрдно
полека, но тивко те убиваат.
Одвнатре, нечујно
без да осетиш,
само молиш за помош,
која никогаш нема да дојде.

tumblr_ni577o5k851tjnthio1_1280

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели