Skip to content

„Записите за Џозефина (72)“

large

Нежност.
Ќе пронајдеш во неа.
Грубост.
Можеш да ѝ разбудиш.
Од твојот однос кон неа
зависи нејзиниот став кон тебе.
Внимателност.
Ќе покаже ако ѝ покажеш и ти.
Внимание.
Не плаче по него.
Искреност.
Ќе ја добиеш ако ја дадеш.
Волја.
Ја имаше повеќе и од доволно.
Среќа.
Ја бараше во себе и во сегашниот миг.
Инспирација.
Ја наоѓаше насекаде.
Сѐ што имаше
го чуваше егоистично,
а сѐ што сакаше да има
знаеше дека мора да го заслужи.
Се бореше.
Како ранет лав.
Не се откажуваше.
Никогаш.
Не знаеше за пораз.
Само за промаршена шанса.
И си даваше уште еден обид.
Секогаш постоше надеж.
И го наоѓаше длабоко во себе.
Oстануваше будна.
Зошто спиеше во неговите мисли.
Беше инспирација.
Ако можеше да ја препознаеш.
Не се служеше со лага.
Но, многу добро ја препознаваше.
Нова шанса.
Беше секој ден за неа.
Дефиниција за љубов.
Тој.
Причина за среќа.
Најбезбедно место на светот.
Прегратка.
Искрена и чиста.
Силна и долга.
За да се стопиш.
За да се изгубиш во неа.
И да не посакаш ништо повеќе.
Ништо што не ти треба.
Сѐ што мислиш дека заслужуваш.
А, го заслужуваш сѐ она за кое се бориш.

Напишете коментар