„Записите за Џозефина (73)“

maxresdefault

Ја разголи душата,
а телото само ја пратеше,
стави на тацна дел од себе
и беше спремна да поднесе сѐ.
Ја сокри тагата во нејзините очи,
а насмевката помагаше во криењето,
но, очите секогаш издаваа
колку и да не ѝ се допаѓаше тоа.
Ја препозна среќата во неговиот поглед,
а тој мораше да не го трга од неа,
за да ја зачува,
за нејзиниот поглед да не му припадне на друг.
Ја изми својата ранливост
со солта од солзите,
сега веќе не беше ранлива,
храброста стана нејзин адут.
Ја откри планетата на животот,
сокривајќи се себе од зли јазици,
станувајќи и глува и нема за зло,
жедна за живот во животот.
Ја допре кутијата полна со знаци,
наогајќи клучеви кои водеа до решенија
и мистериозни загатки
што чекаа да бидат одгатнати.
Ја замисли својата иднина,
затвори очи и се насмевна:
„трпеливо го очекувам непознатото,
нека ми донесе само среќа!“

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели