Skip to content

„Записите за Џозефина (78)“

Со божествен лик
кој потсетува на некое друго време
на безвременост
и вечност.
Ги црташе минутите во боја,
ги обојуваше деновите,
ги замрзнуваше секундите,
ги продолжуваше часовите.
Бесконечноста живееше во неа,
ги стопираше годините,
Џозефина не ги броеше,
постануваше бесмртна.
Кога се роди  небото плачеше,
плачеа и сите кои заминуваа од неа
затоа што си одеа со помислата
дека никогаш нема да ја преболат.
Плачеше и писателот кога ја опишуваше
плачеше и сликарот кога ја оживуваше на платно,
плачеше и поетот кога ја опеваше,
плачеа затоа што како неа повеќе немаше да се роди никоја.
Па така тие ја правеа вечна,
со солзите ги мешаа боите,
со солзите ги бришеа буквите,
со солзите ги пишуваа нотите.
Чии солзи бришеше таа?
На оној кој не смееше никогаш да ја расплаче.
Чии раце ја допираа неа?
Тие кои прегрнуваа најтопло.
Во чија прегратка беа цели светови,
таа беше огромен универзум
кој уште не беше целосно откриен,
а го откриваше само еден.

large

Напишете коментар