„Записите за Џозефина (79)“


large

Кога не ѝ посветуваш внимание
ја учиш само како да живее без тебе,
така може полесно да замине
и да не погледне назад.
Кога ја чуваш секој ден
како да некој планира да ти ја украде
таа се навикнува на заштита
и чудно ѝ е кога не ја покажуваш.
Кога ќе ѝ допреш до душата
биди внимателен
зошто таму во најдлабокото
можеш да се удавиш.
Кога плаче поради тебе
ја потсетуваш дека
покрај друг може да се смее
место солзи да лее.
Како школка се затвора во себе
кога ѝ поклонуваш тишина,
пропаѓа во својот свет
заборавајќи на вашиот.
Кога ќе ја повредиш
се рануваш сам
со внатрешна рана
без преврска.
О, колку е вака црно,
со надеж без надежност,
со боја без обоеност,
со светло без осветленост.
О, колку е вака безбојно,
Пролет без сонце,
река без вода,
сонце без топлина.
Џозефина не престануваше да се прашува:
до кога вака?

 

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели