„Записите за Џозефина (80)“

Продираше во најдлабокото
на сите можни начини
и само таа можеше да предизвика
речиси совршена хармонија.
Никој како неа не умееше
да сокрие тага,
солзи да проголта
и да се навикне на болката.
Никој како неа не знаеше
да патува низ времето
со својата имагинација
и мисловна креација.
Никој како неа не можеше
да ужива во тишината,
на буката да се радува
и во сите битки да победува.
О, Џозефино никој како тебе
не умее да ме растажи
ниту од среќа да ме расплаче
или со збор в срце да ме расече.
О, Џозефино никој како тебе
не ги буди и ангелот и демонот во мене
ниту детето што спие
и не ме сака повеќе од сам себе.
О, Џозефино никој како тебе
не ми ја смрзнува крвта
ниту би ми ја дал својата,
како јас тебе мојата.
О, Џозефино никој како тебе
не ме прави пожив
ниту помртов кога те нема,
не смее „нас“ да не снема!

large

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели