Длабоко од душата

„Со паѓањето на ноќта и раѓањето на ѕвездите доаѓаше и спокојот кој крадливо и тивко се вовлекуваше во душите на грешниците.“

Ти си ноќ.
И ѕвезда водилка.
Сееш светло во темнина
и топлина во душава.
Ти си песна.
Што нема крај.
Влеваш надеж во небиднина
и не се плашиш од иднина.
Ти си чудо.
И земен восхит.
Будиш љубопитност
и одгатнуваш мистерии.
Храниш со зборови,
голташ со очи.
Будиш восхит
одземаш здив.
Ти си болка.
И откровение.
Отвораш заспани очи
и рушиш наталожени превези.
Ти си спас.
И прибежиште.
Влеваш спокој во бури
и пливаш во море од бранови.
Пратен од Ангели
од безброј патеки изодени,
носен од ветрови,
постоиш во сите мои зборови.
Ти си вистина.
И носиш светлина.
Рушиш мостови од камен
и преминуваш бариери
со само еден чекор,
со само еден допир.
Ти си море.
И носиш бранови.
Потонувам во тебе,
наоѓајќи спокој,
препливувајќи бури
испливувајќи со спомени.
Ти си живот.
И цел универзум.
Присутен во сите можни песни,
опеан во стихови,
оживеан во раскази,
ти си бесмртен.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели