Skip to content

По(беда)раз

success

Во чемерот на ноќта
утрото ја носи вистината
и лекува
и солза пресушува.
Во далгите на денот
ти го носиш спокојот
со чисто срце
со смирен поглед.
Скриен од светот,
а од себе не,
скриен од зло
но, не имун на него.
Скриен од светот
во голема крошна,
засолнат,
но, не и безбеден.
Ти си секаде
и никаде,
ти си во себе
и со себе.
Ти си сеприсутен
и кога си отсутен
ти си овде и таму
и таму и овде.
Совршена енигма
за несовршени патници,
откривачи на мистерии
трагачи по вистина.
Воин во сопствени битки
само за храбри борци,
да се победиш себе
е најтешко.

Напишете коментар