Записите за Џозефина (84)

44large

 

Во таа празна соба имаше еден огромен куфер,
во него имаше сѐ освен алишта,
во него имаше сѐ што ѝ беше потребно,
во таа празна соба никој немаше да патува
зошто Џозефина патуваше, а не се помрднуваше од место,
зошто патуваа и тие покрај неа
поради неописливата имагинација
и нејзиното живописно раскажување
со кое детаљно ги опишуваше местата
кои ги сонуваше или ги гледаше на слика,
кои ги доживуваше како да ги посетила,
кои ги обојуваше со свои тонови
и ги претвораше во приказни
кои многумина сакаа да ги слушаат.
Во раа празна соба имаше еден огромен куфер,
во него беа збрани сите нејзини детски стравови
во него беа збрани сите нејзини спомени,
во него без збрани сите нејзини сеќавања
зошто Џозефина тука ги спакувала, за да не ги загуби,
зошто ги чуваше себично
за никој да не ѝ ги земе
и да не ги заборави никогаш,
со нив беше посилна
со нив беше пожива
со нив беше посреќна
со нив беше своја
со нив беше посигурна,
со нив беше и дете и возрасна истовремено.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели