Записите за Џозефина (86)

66large

 

Нескротлив дух кој не знае за одмор,
непрекината песна која нема крај,
непресушен извор кој не знае за суша,
непобеделив борец кој не знае за пораз.

Божествен лик со правилни црти,
тело како да го вајал највештиот склуптор,
бистар ум како да му припаѓа на генијалец,
ѝ припаѓаше на Џозефена.

И сето тоа беше само плус,
затоа што нејзиниот дух беше поважен од телото,
затоа што нејзината песна не можеше секој да ја пее,
од нејзиниот извор не можеше секој да пие,
со нејзините битки не можеше секој да се избори.

Нескротлив дух кој знае за нови шанси,
непрекината песна – додаток на секој ден,
непресушен извор на нови идеи
непобедлив борец спремен за победи.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели