Можеби небото знае колку е силна,
ако тоа другите не можат да го видат,
можеби небото знае колку е осамена,
ако таа нема да го признае тоа лесно.
Можеби небото знае колку е силна,
ако некогаш и сама не е свесна,
можеби небото знае колку е осамена
ако никогаш не е сама.
Можеби небото знае колку е сакана,
ако таа не го чувствува тоа доволно,
можеби небото знае колкумина ја посакуваат
ако таа сака да ја посакува само еден.
Можеби небото знае колку е несреќна,
ако никој не би го помислил тоа,
можеби небото знае колку таа ужива во тагата
ако никој не знае дека таа ѝ е вечна инспирација.
Можеби небото знае колку е смела,
ако не се познава на прв поглед,
можеби небото знае за сите нејзини подвизи
ако никому досега не ги раскажала.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.