Skip to content

Записите за Џозефина (94)

josephine

На радио одеше нејзината омилена песна.
Го зголеми тонот најмногу што можеше.
Почна да пее како никој да не можеше да ја слушне.
Телото ѝ се движеше во ритамот на нотите,
не се грижеше дали некој ја гледа.
Повторно ја почувствува детската леснотија.
Се чувствуваше жива и олесната.
Се наполни со позитивна енергија.
Се испразни како секогаш кога ќе завршеше со пеење.
Можеби не пееше најубаво на свет,
можеби немаше ни талент за пеење,
ама таа обожаваше да пее
небаре го поседува најмоќниот глас на светот!
Тоа ја правеше енергична и омилена.
Свесна за несовршеноста и уште ја негуваше.
Не се плашеше да се соочи со мааните и да ги покаже.
Пееше, а знаеше дека можеби и не звучи совршено добро,
играше, а не беше сигурна како точно изгледа,
пеееше и уживаше тоа да го прави,
играше и никогаш немаше да престане да игра.

Напишете коментар