Skip to content

Есенски студ

 

Кога ми е ладно до степен што ми се чини дека и мозочната кора ми се смрзнала додека не се стоплам ни користењето на мислите не ми оди баш најдобро. Топлиот чај ја олеснува работата, а виткањето во топло ќебенце е неизбежна активност за операцијата наречена: „затоплување“. Кога ми стана потопло помислив како им е на оние кои не можат да си го дозволат ни овој малечок, но ќе речам огромен „луксуз“.

Во моментот додека чекаш да ти помине студот, ги триеш рацете затоа што ти се ладни чиниш си ги извадила од фрижидер.
Aко тогаш помислиш на некого, да знаеш дека таа е личноста што ти треба. Ако најмногу од сѐ посакуваш сега некој да биде до тебе, надевај се само дека и тој некој го посакува истото.
Кога есента ќе пристигне со неа пристигнуваат многу работи.

На пример, една од нив е чувството дека ќе бидеш продуктивен до крајот на годината. Тоа се коси со огромната желба да останеш во кревет под ќебе читајќи книга или гледајќи филмови и серии.
За проширување на видиците треба да правиме работи кои претходно не сме ги правеле. Да промениме или прошириме некоја наша секојдневна навика ако сакаме да забележиме промена и кај нас.
Постојат многу начини за да се стоплиме, едната од нив јас погоре ја опишав.

Како се затоплува душа?

А, зошто никој не знае да објасни точно како се затоплуваше душата?
Можеби затоа што никогаш не ни била топла? Или можеби дека се плаши дека ќе ја препече ако ја стопли премногу?
На душата никогаш не може да ѝ стане претопло!!

Може само да ѝ застуди премногу со надеж дека нема да се заледи и тогаш следи еден долг процес додека повторно да стане топла. Не може секој да ти ја стопли душата, како што не може ни да ти ја гали.
Топлото ќебенце некогаш не е доволно. Некогаш е потребно многу повеќе од тоа, многу повеќе и од три ќебиња.
Треба да го откриеш начинот со кој твојата душа станува потопла, и да го практикуваш често.

Наталија Наумовска

Напишете коментар