Skip to content

Момчето со бисерна насмевка

 

Момчето кое никогаш не можеше да биде видено без насмевка го нарекуваа „бисер“. Сите го обожаваа и уживаа да бидат во негово присуство без да забележат што крие неговиот бисерен насмев. Не дозволуваше да го „прочитаат“, мразејќи да објаснува што не е во ред реши тажното лице никому да не го покажува, зошто се увери дека никој немаше да го праша зошто се смее.
Бидејќи сите ги заразуваше со неговата насмевка која изгледаше толку среќно никому не му паѓаше на памет да го праша поради што тој изгледа толку среќен. Некои му завидуваа мислејќи дека нему му течеа мед и млеко, а некои мислеа дека тотално „побудалел“ штом е постојано насмеан.

Вистината беше дека таа блескава насмевка криеше во себе многу тага.
Најубавите насмевки се скршени и полни со приказни позади нив каква што беше и неговата.
Најубавите приказни се раскажувани со насмевки.
Најубавата приказна наречена живот за него криеше многу тајни и изненадувања кои допрва го очекуваа. Ќе ја доживее огромната среќа која толку нескромно ја делеше со другите некогаш и несвесно.
На многумина им значеше неговото присуство кое беше многу пријатно, на многумина им недостигаше бисерната насмевка кога тој не беше наоколу.
Покрај сѐ што му поклонил и одзел животот, сега тој му должеше многу.
Тој ги даруваше сите останати со насмевки додека душата му плачеше, па сега време е да биде награден на начин на кој само животот знаеше да наградува.

Напишете коментар