Проза

Разговор помеѓу срцето и разумот

 

Срцето: Зошто речиси секогаш си во право?

Разумот: Сега пак грешиш. Во некои ситуации и јас знам да згрешам.

Срцето: Како на пример?

Разумот: Да не те послушам кога знам дека си во право.

Срцето: Јас пак не можам да си опростам што не те слушам кога ми велиш да бидам искрено кон себе.

Разумот: Во која ситуација?

Срцето: Не сакам да признам дека некогаш сум несреќно. Мислам дека грешам во процената и околу моите вистински чувства.

Разумот: Знаеш дека ти реков дека околу ова мора да се договориме. Да донесеме мудра одлука.

Срцето: Ама како? Јас велам едно, ти друго. Како да се согласиме?

Разумот: Најпаметно е да му дозволиме на времето да ни помогне.

Срцето: Јас цело време да се измачувам?

Разумот: Мислиш мене ми е полесно?

Срцето: Посакувам некогаш да не бев толку слепо!

Разумот: Тука сум јас да интервенирам. Ќе прогледаш!

Срцето: Како можеш да бидеш толку смирен и кога знаеш дека ме повредуваат?

Разумот: За да не дозволам да бидеш повредено уште повеќе.

Срцето: Викаш, трпение ни треба а?

Разумот: Секогаш!

Срцето: Ти ќе ми помогнеш да прогледам и постојано ме учиш на трпение додека јас ти задавам грижи.

Разумот: Не би постоел ако не беше ти, запомни го тоа.

Срцето: Како кога многу лесно заборавам? Им опростувам и на оние кои ме повредуваат и ги сакам и оние кои не заслужуваат.

Разумот: Види, тука ќе најдеме компромис, ти ветувам.

Срцето: Верувам.

Н.Н

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје