Skip to content

Ако не постои утре

 

Ќе можеш ли да речеш дека доволно живееше? Поларитетите како два различни краја на една димензија како да служат за ограничување на можностите и опциите, отсекогаш ми изгледало така. Како да не смее да постои нешто измеѓу, како тоа што е измеѓу некогаш делува чудно. Или премалку, или премногу. А, што ако речеме доволно долго или доволно кратко? И ако се опишува животниот век во години, тогаш и 111 години за некого пак ќе бидат малку, а за некого премногу.

Тоа што се случува додека минуваат годините е многу поважно од самата должина или бројка.
Ако не постои утре, што ќе правиш денес?
Ако не постоеше утре…многу работи ќе се случуваа.
Ако не постоеше утре…можеби ќе ти беше сеедно и ќе одлучеше да го поминеш цел ден спиејќи.
Ако не постоеше утре…можеби на сите драги луѓе ќе им кажеше колку ти значат.
Ако не постоеше утре…можеби ќе ти беше сеедно зошто ете и претходно ти беше сеедно.
Ако не постоеше утре…можеби ќе ја завршеше обврската која долго ја одложуваше.
Ако не постоеше утре…можеби ќе беше исто како и денес.
Ако не постоеше утре…можеби ќе сакав да ти покажам како настанаа овие редови, а ти се наоѓаш скриен во секој од нив.
Ако не постоеше утре…можеби ќе ми кажеше една вистина која ќе го преживееше и тоа утре.
Ако не постоеше утре…можеби сега ќе сакавме да сонуваме за тоа што ќе го преспиеме.
Ако не постоеше утре…можеби ќе постои, ама ние нема да знаеме.

Ако не постоеше утре, што би направил/а?

Линкот до песната која беше инспирација за овој краток текст е овде.

Напишете коментар