Записите за Џозефина

Записите за Џозефина (97)

josephine

Собери ги сите насмевки на светот
помножи ги со шесттоцифрени бројки
додади ги најубавите желби
и подели им ги на најтажните.
Ова длабоко го посакуваше.
Сакаше да не постојат тажни погледи,
солзи,
болка и крвопролевање.
Мислеше дека со нејзината „мисија“
за откоренување на тагата
ќе се решат сите проблеми што постојат
и што можат да се замислат.

Собери ги сите злодела,
помножи ги со сите загубени битки,
додади ги сите пролеани солзи
и поништи ги, да не се повторат.

Собери ги сите песни на светов,
помножи ги со најубавите ноти,
додади ги најубавите музички инструменти
и пуштија омилената музика низ цел свет.

Ако насмевките се бесплатни,
ако песните може да ги пее секој,
тогаш нека има повеќе од нив,
тогаш нека се шират и множат насекаде.

Доста ѝ беше од тажни погледи
доста ѝ беше од солзи и крв,
ѝ беше смачено од злодела и зло,
а што можеше сама?

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје