Записите за Џозефина

Записите за Џозефина (100)

josephine

Сто причини за да ја сакаш,
ниту една да се збогуваш со неа.
Сто денови ти требаа за да сфатиш
дека не можеш без неа.
Сто минути за да ја запознаеш,
ниту една да се покаеш што ја знаеш.
Сто секунди за да ѝ покажеш колку ти значи,
а ти го правиш тоа со само еден бакнеж.
Сто причини за да ја чуваш,
ниту една шанса да не му дадеш некому да ти ја украде.
Сто денови за да ја освоиш,
а уште плус илјада и сто за да ја задржиш.
Сто минути за да ги поминеш покрај неа
ниту една не би посакал без неа.
Сто секунди за да ја насмееш,
а ти го правиш тоа со самата појава.
Сто причини за да ја сакаш,
ниту една за да можеш да ја заборавиш.
Сто причини за да продолжам да пишувам,
ниту една која ќе те натера да не продолжиш да читаш,
зошто се работи за Џозефина,
а за неа и илјада и сто и еден запис се сосема малку.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје