Ехото на ноќта

Нема ноќ, со гласни одговори
што трештат силно и разоруваат мир,
со тешки одлуки и скриени таги
нема ноќ која ги открива сите лаги.

Ништо повистинито не е,
од душа која уморна е,
со нем плач се бори
и сама од себе кога ќе се измори.

Нема ноќ, со гласни одговори
што в темнина со мисла се дружи,
со темен молк и зборови празни
нема ноќ, со прашања јасни.

Ништо повистинито не е,
од душа која уморна е,
со самотија сака да се спаси
и бол и мака од нејзе да изгаси.

Нема ноќ, со гласни одговори
што се повторуваат како ехо,
со мелодичен ритам и бизарен звук
нема тажна ноќ, без таков одзвук.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!