На денешен ден бил роден Кочо Рацин, во чест на одбележување на неговото раѓање читаме негова поезија овој Четврток!
Кликнете на линкот за да ја слушнете:
[soundcloud url=”https://api.soundcloud.com/tracks/299180624″ params=”color=#ff5500&auto_play=false&hide_related=false&show_comments=true&show_user=true&show_reposts=false&show_teaser=true&visual=true” width=”100%” height=”300″ iframe=”true” /]
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале
Денови ли се — денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси —
ај пуст да е, пуст да би
останал живот кучешки!
Роди се човек — роб биди
роди се човек — скот умри
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови,
копај си црни гробови!
За себе само ’ргај си
за себе маки тргај си —
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.