Рецитали

Љубовна – Анте Поповски (рецитација)

И овој четврток ви спремив рецитација и покрај настинката!
Овојпат читам од Анте Поповски како што можете да видите и во насловот.
Уживајте!

Љубовна

Пред да се раздени
За неа беше разденето
Пред да се стемни
За неа беше стемнето.
Го преврзуваше сонцето со влажна шамија
И го успиваше крај неа.
Ние, дури чекавме да расцутат овошките,
Таа веќе ги береше плодовите од нив
Полни чинии поставуваше пред нас
И ништо не ја возбудуваше.
Ние ќе и покажевме камена птица што лета
Таа ќе речеше: Да тоа сум јас,
Птица во окото на сонцето!
Ќе и принесевме сини цветови што ги брал
Александар Македонски покрај Златна река
Таа ќе речеше: Тие цветови веќе сум ги носела в пазуви!

Слични написи

2 thoughts on “Љубовна – Анте Поповски (рецитација)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје