Таа – Анте Поповски (рецитација)
Слушнете ја најновата рецитација која ви ја подготвив вчера!
 
Никојпат не е таа сама.
 Таа се две: онаа која бесконечно молчи
 и онаа која го слуша моето молчење.
Никојпат не е таа сама.
 Таа се две: онаа која бесконечно чека
 и онаа која влегува во своето чекање.
Никојпат не е таа сама.
 Таа се две: онаа што е распната
 и онаа која ги кове клинците врз себе.
Оваа песна до бесконечности продолжува
 зашто никојпат не е таа сама:
 сама се чита – сама се пишува:
Сама себеси врата – сама себеси клуч.

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

