Занимливости и информации На денешен ден Писатели и поети Странски автори

Интересни и необични факти за Едгар Алан По

На денешен ден е роден Едгар Алан По во 1809 г., а починал на 7 октомври 1849г. Тој е американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Најпознат е по своите мистериозни и раскази за макабрата. По е еден од првите американски писатели на раскази и се смета за творец на детективската и криминалистичката проза.

Нему му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика. Тој е првиот познат американски писател кој живеел само од пишување, што се резултирало во финансиски тежок живот и кариера. Прочитајте ги во продолежние следниве факти за него.

Бил згоден и атлетски граден

Заборавете го неговиот луд и испиен изглед од најпознатите фотографии. Тие се насликани во годините на неговата смрт кога бил многу болен. Тоа никогаш не е погодно време за нечиј портрет. Неговите фотографии од периодот кога ја објавил „Гавранот“ прикажуваат целосно друга слика. Угледниот маж или како што го опишала една обожавателка: „Сè на него оддаваше впечаток на вистински џентлемн.“ Покрај тоа што го држел рекордото за пливање на реката Џејмс во Вирџинија уживал и често веслање на њујоршките брегови и планинарење. Во студентските денови бил јуниорсњки првак во скок на далечина.

Бил љубител на мачки

Едгал Алан По ги сакал мачките и тие го сакале него. Неговата мачка Катерина, наводно патела од депресија кога тој бил на долги патувања. Угинала само две недели после неговата смрт. Позната е и неговата морбидна приказна “Црниот мачор“.

Бил заљубен во поетесата Франсис Осгуд

Истражувајќи ги неговите белешки, авторката открила дека во критичниот момент кога е пронајден далеку од куќата, По доживеал и голема заљубеност. Секако не се заљубил само во својата сопруга туку и во поетесата Франсис Осгуд. Сопругот ја оставил Осгус неколку месеци пред да го запознае По и кога настојувала со пишување да заработува за живот. Наводно се заљубиле на прв поглед и не се воздржувале јавно да ги изнесат своите емоции и цитати од љубовните песни.

Бил редовен член на локалниот книвежен клуб

Во 1845 година љубителката на книжевност Ани Шарлот Л. ги повикувала писателите и уметниците во својот дом да дебатираат за книгите и идеите во неформална атмосфера. Нивната книжевна вечер во сабота наскоро станала хит и По никогаш не ја пропуштал приликата да учествува во инспиративни дискусии. Сè додека не бил исфрлен од клубот откако се слушнало за аферата со Осгуд.

Песната „Гавран“ го претворила во книжевна ѕвезда

Речиси преку ноќ сите Американски ја цитирале славната реченица „Никогаш повеќе“. Исто така почнале да се појавуваат и пародии на песната во сите поважни медиуми од тој период, па често децата го следеле низ улица со гласно аплаудирање.

За само една година го поминал патот од книжевна ѕвезда до губитник

Успехот на песната „Гавранот“ го направил  ѕвезда на њујоршката сцена во 1845. Книжевните кругови го отфрлале откако повеќе не можеле да ја игнорираат неговата вонбрачна афера со Франсис Осгуд. Таа го сочувала углед негирајќи дека биле во врска иако била трудна, се смирила со сопругот. По, од друга страна не можел лесно да премине преку романсата. На една книжевна забава тој ѝ испратил честитка за Валентин, а откако јавно била прочитана му го забраниле пристапот. После тоа многу се посрамотил.

Имал лош однос со јавноста

За искривената слика на По како груб алкохоличар и консуматор на дрога денеска е заслужен неговиот ривал Руфус Грисволд. Во реалноста, неговата строга работна етика не му оставала многу време за опивање. Малата доза на опијат кој го пробал за време на боелста, за да ги ублажи болките, му се згадила и повеќе никогаш ништо не земал. Уништувањето на репутацијата на По од неговиот противник Грисволд не му донесла среќа. Ги поминал последните денови осамен додека во собата му виселе три портрети: негов, од По и од Франсис Осгуд.

Упропастил животна прилика

По потекло од Бостон отсекогаш сонувал да се врати во градот како славна личност. Кога бил повикан да чита во преполно бостонско училиште, се претставил со слаба песна напишана во младоста. Дури ни новото, бомбастично име кое го измислил за старата песна – “The Messenger Star” не успеало да го извлече од ситуацијата. Жителите на Бостон не си поминале убаво на читањето, а тоа не го скривале. По се посрамотил и се обесхрабрил.

Расказите на По како инспирација за создавање на ликот Шерлок Холмс

Расказите на Едгар Алан По за францускиот детектив Августин Дупин, послужиле како модел за создавање на ликот на Шерлок Холмс, во делото на Артур Конан Дојл.

Мистериозен маж облечен во црно со бела марама го посетувал неговиот гроб

Секој година уште од 1949 година, мистериозен маж облелен во црно со бела марама и шешир со широка периферија, оставал три ружи и коњак на гробот на Едгар Алан По во Балтимор на годишнината од неговото раѓање.

Едгар Алан По, за неговата позната поема „Гавранот“ на почетокот размислувал да користи був за зборчето „никогаш повеќе“. Постојат и писма кои велат дека во опција влегувал и папагал. Но, за среќа на американската литература, тој се решилза гавран зошто сметал дека неговиот глас е повпечатлив.

Целиот живот живеел во сиромаштија

По живеел во сиромаштија иако неговиот очув бил многу богат. Тие никогаш не биле во добри односи, така што Џон Алан сите пари после смртта им ги оставил на неговите вонбрачни деца.

Го добил надимакот “Гавран“

После објавување на неговата најславна поема, го добил надимакот Гавран. Постоеле и муабети дека често децата од улица кога ќе го виделе како шета се преправале дека се птици гукајќи и мавтајќи со рацете. По одеднаш ќе се свртел и ќе им викнел „Невермор“ (никогаш повеќе), што е познат рефрен од неговата поема “Гавранот“.

Не постојат докази за начинот на умирање

Се обидел да се самоубие преку предозирање со опиум, на 5 ноември 1848. Наредниот месец се свршил со Сара Хелен Витман, но никогаш не се венчале.

Приказните за неговото лудило и пијанство во голема мера биле претерување. Човек по име Руфус Грисволд (кој му бил противник) ја напишал и објавил биографијата на По, која давала многу лоша и погршена слика за тоа каков бил животот на По. Руфус никогаш не можел да ја заборави негативната критика за неговите дела која По ја напишал, т.е. нашол најдобар начин да му се одмазди на Едгар токму прикажувајќи го како лош човек, пијаница и лудак.

Бил венчан со неговата братучетка

По се венчал со неговата тринаесетгодишна братучетка, Вирџинија По, кога тој имал 27 години. Таа починала од туберкулоза во 1847 година, на 24-годишна возраст. Последната поема на По „Анабел Ли“, била објавена во 1849, по нејзината смрт.

Писателите и поетите за Едгар Алан По

За Оскар Вајлд По бил „крал на романтизмот“.

Францускиот поет Шарл Бодлер се восхитувал на работата на По и поминал многу години преведувајќи го на француски. Ги превел неговите раскази и четири од неговите поеми.

Писателката Џојс Керол еден од своите кратки раскази го напишала токму во стилот на мрачниот По.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје