Skip to content

Како да станете поорганзирани?

Во денешно време тешко е да успееш да постигнеш сѐ доколку не бидеш убаво организиран. Важноста на убаво испланирани обврски е од исклучително значење ако сакаме да ги исполниме истите.

Што значи да се биде организиран?

Тоа значи дека во текот на еден ден ќе постигнеш успешно балансирање и извршување на сите обврски кои си ги испланирал претходниот ден.
Можеби бројот на обврски не е толку голем, но тежината на нивното извршување некогаш знае да биде напорна.
Ти се случува да си ги натрупаш сите задачи кои постојано си ги одлагаше до степен да дојде момент кога нема да знаеш што побрзо да направиш?

Ако ти се има ова случено, или ако ти се случува често во последно време, оваа статија е токму за тебе!
Како да се биде организиран во еден брз и динамичен ден и притоа да се постигне сѐ?

cute-notes-office-organization-favim-com-3701871

Следниве техники/постапки треба да се применуваат за создавање на дисциплина и одржување на одговорноста на едно задоволително ниво за да се постигне организираност.

Фокусирање на сегашниот момент

Фокусирање на сегашниот момент и целосно посветување на само една работа. Mултитаскингот можеби на прв поглед изгледа дека е покорисен и дека заштедува време, но изведбата на самите активности нема да биде целосно комплетна доколку не ѝ се посветите на одредената активност целосно.

Планирање од претходниот ден

Планирање на работите кои треба да ги направите во текот на денот уште од претходниот ден и држење стриктно до планот без никакви отстапки

Концентрирање на една работа одеднаш

Концентрирајте се на извршување на сите работи за кои не се потребни повеќе од 5 минути веднаш во моментот кога ќе видите дека треба да се направат без одлагање. Направете го тоа што треба доколку не ви одзема премногу време (верувајте ќе ви заштеди време). Доколку не ги оставате незавршени и подоцна ќе си благодарите себеси отколку да ви се натрупаат обврски кои сигурно ќе траат повеќе од 5 минути доколку ги пролонгирање истите со толкаво времетраење).

Исклучете ги социјалните мрежи при работа на компјутер ако не се потребни при работењето

Додека не завршите со одредена активност, обидете се да бидете исклучени од сите социјални мрежи доколку активноста не е поврзана со користење на интернет. Ако интернетот ви е потребен, користете го само во таа насока, не си го одвлекувајте вниманието со „Фејсбук“, „Твитер“ или „Инстаграм“ бидејќи дур да трепнете ќе заборавите колку време изминало.

Бидете трпеливи

Доколку не успеете навремено да ги извршите вашите задачи, не се обвинувајте, дадете си шанса и следниот ден поправете се!

Создадете здрава навика за читање

Читајте повеќе книги и создадете си навика за редовно читање. Бидејќи таа навика ќе ви помогне во формирање на други здрави навики од кои би требало да имате само придобивки.

Одморете се и релаксирајте се

Одвојувајте време да си одморите и да правите некоја активност која ќе ве релаксира (организираноста подразбира и умешност во вашиот план да вметнете време во кое ќе можете да одморите и да станете помотивирани за следните активности).

Гледајте и читајте корисни нешта

Изгледајте некој добар филм или документарец поврзан (не нужно) со вашата следна активност што ќе ви помогне полесно да ја совладате/извршите обврската

Инспиритајте се од цитати и мисли кажани од умни луѓе

Инспирирајте се со мисли и изреки од успешни луѓе, научници, писатели и глобално луѓе од кои сакате да учите, луѓе со позитивни примери кои можат да ве мотивираат за да бидете подобри

Работете на својот личен развој

Работете на себеси постојано во смисла на изградување на вашиот карактер, исполнувајте ги ветувањата кои сте им ги дале на другите, односно бидете човек „од збор“ (во спротивно не ветувајте). Бидете искрени кон себеси за вашите способности и никогаш немојте ниту да се преценувате ниту потценувате.

Квалитетот пред квантитетот

Побитен е квалитетот, отколку квантитетот (подобро сработете некоја работа успешно и темелно за пократко време, отколку да потрошите повеќе часови за нешто кое нема да вреди, а вие сте се потрудиле доволно долго).

Бидете самокритични

Бидете самокритични и поставувајте си цели кои ќе тежнеете да ги исполните и со секоја исполнета цел – наградувајте се со нешто интересно. На пример со прошетка во некој парк со пријател кој не сте го виделе долго време или со купување на нова книга или парче облека кое долго време сте го посакувале

Поставете реални цели

Поставувајте си реални и остварливи дневни задачи за кои знаете колку напор ќе ви биде потребен да ги извршите, и сте сигурни дека ќе се држите до нив.

Водете дневник – запишувајте ги вашите мисли

Водете дневник, запишувајте ги вашите мисли, ослободете го вашиот ум и изразете ги емоциите што ги чувствувате.

Подредете ги целите на лист хартија според нивниот приоритет на исполнување

На лист напишете ги целите кои ви се приоритетни во оваа година, а кои цели посакувате да ги исполните во наредните 2 или 5 години. Држете се во насока на нивно остварување.

Распределете ги целите по нивната важност. Доколку се животни желби би требало да претставуваат приоритет, а доколку не се, нивното неисполнување нема да донесе голема разочараност.

Како да ја направите листата?

Напишете ги на еден лист рачно, сите ваши досегашни достигнувања и размислете „Како дојдовте до нив“?,“ Што ви помогна“?. Што правевте за да ги постигнете“?.„Зошто воопшто ги постигнавте?“, „Како се чувствувавте пред и после постигнувањето?“.
Кога ќе ги одговорите овие прашања ќе видите колку сте кадарни и уште колку работи можете да направите доколку посакате.

Повторно на лист, напишете ги работите кои сакате да ги постигнете (слично со техниката погоре за животни цели). Но овде образложите што ќе чувствувате доколку ги постигнете работите кои посакувате да ги постигнете. Што ќе ви донесе самиот успех во нивното извршување? И зошто баш сте се одлучиле да ги постигнете тие работи? Без оглед дали се работи за подобрување на оценки на училиште или положување на сите предмети во семестар на факултет, унапредување на работа или губење на вишок килограми, успех си е успех.

Секоја ваша постапка да има цел која ќе ви биде позната, со потполна свесност за сите можни последици
Средете го просторот околу вас

Организирајте ги вашите работни маси, фиоки, и целото катче каде што престојувате најголем дел од времето, и секаде каде што ќе ви биде потребна организираност во извршување на задачите

Инспирирајте се визуелно

Поставете си на ѕид (или на било што ви е на дофат на око) мотивирачки пораки, слики или било што кое ќе ви помогне да ја одржувате фокусираноста и мотивацијата

Имајте време само за вас

Не заборавајте во вашиот распоред да ставите точка која ќе биде посветена за време само за вас, за грижа за сопственото здравје, хигиена и навики за „разубавување“. Но и внатрешно разубавување како на пример со слушање музика за душа или било што ве исполнува душевно.

Поврзете се со себеси

Поврзете се со себеси, научете да бидете фокусирани на сегашниот миг и на тоа како се чувствувате во секоја секунда и што е причинител за вашата моментална емоционална состојба

Бидете физички активни

Не ја заборавајте моќта на добрата физичка активност и придобивките кои ги има врз целокупното физичко и ментално здравје.

Бидете оптимиситични

Чувствувајте се добро и позитивно. Обидете се да гледате пооптимистично на работите дури и кога тие изгледаат многу лошо. Ова ќе помогне во зачувување на позитивно расположение. Како и за подобар и покреативен пристап на сѐ што ќе правите.

Практикувајте смиреност 

Останете смирени. Дишете длабоко и полека издишувајте. Можеби животот изгледа брз и деновите брзо поминуваат, но вие мора да останете смирени и со смиреност да пречекате се што ќе дојде и замине. Вежбајте смиреност во секоја ситуација. И смирено реагирајте секогаш кога се соочувате со некоја стресна ситуација. Во смиреноста ќе ја најдете потребната сила која треба да ја имате секогаш!

Напишете коментар