Во светот на книгите Занимливости и информации

„Книгомобилите“ или подвижните библиотеки постоеле кога интернетот не постоеше

„Книгомобилите“ биле вид на подвижни библиотеки кои носеле книги до руралните области и предградјата кои немале згради со библиотеки. Во 19 век станале особено популарни и од кочии се развиле во прилагодени возила на четири тркала кои станале и дел од американската култура. Врвот на популарноста го достигнале во средината на дваесетиот век.

bookmobile

Тие биле дизајнири така што превозното средство се прилагодувало како подвижна библиотека и биле паркирани така што секој минувач би можел да има пристап до нив.
„Книгомобилите“ постоеле за да им овозможат пристап на книги на луѓето од селските подрачја или од оние средини каде што не можеле да имаат пристап до книги воопшто или книги кои им биле потребни.
Интересно е да се спомне дека и во 21 век овие „Книгомобили“ уште постојат, а се „раководени“ од библиотеки, училишта, активисти и други организации.

 

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје