Во светот на книгите Занимливости и информации Психолошко катче

Библиотерапија или лекување со читање

Страсниот читател ќе се согласи дека книгите имаат терапевтски ефект, без оглед дали тој е запознаен со концептот на библиотерапија или не. Овој термин го измислил американскиот есеист Самуел Кротерс уште во 1916 г. за да означи терапевтски пристап што го користи читањето како додаток на традиционалните терапевтски методи. Иако оваа практика е позната уште од античко време, за што сведочат натписите на влезвите на познати библиотеки како што е Александриската, поширока примена наоѓа во 20 век.

Кига почнала употребата на “библиотерапијата“?

Библиотарапијата пошироко почнува да се користи во дваесеттиот век. После Втората светска војна е прифатена во психологијата и психијатријата. Научна потврда добива кога истражувањата покажале дека војниците во болниците закрепнувале побрзо читајќи книги.

Иако книгите што се препорачуваат можат да бидат тематски и жанровски разнолики библиотерапевтите обично користеле фикција. Читањето на некое дело и зборувањето за тоа со терапевт им помага на пациентите да ги согледаат работите од различна перспектива, да решат проблеми од минатото, да развиваат емпатија. Генерално се верува дека читањето ја подига самодовербата и чувството за самопочит.

Дека библиотерапијата може да послужи и како сјајна книжевна тема докажува Софија Реј во романот „Чекај ме на последната страница“. Оваа современа приказна со која може да се  идентификуваат голем број жени, дава увид во лековитата моќ на книжевноста. Силвија, непоправлива романтичарка и љубителка на бајки започнува терапија така што се идентификува со ликот од сопствената бајка – Тажаленко. Преку идентификација со овој лик таa ќе успее да го согледа својот живот од поинаква перспектива. Ги отфрла обрасците на однесување поради кои се чувствувала лошо и почнува да се сака себеси.

Препишување “терапија“ со книга според специфичните потреби

Ако малку подлабоко почнете со  истражување на оваа тема би биле изненадени колку различни видови библиотерапии постојат. Во рамките на организацијата Животна школа на Ален де Ботон, после пополнување на прашалникот, библиотерапевтот ви „препишува“ терапевтска литература на основа на вашите специфични потреби.

Библиотерапија може да се примени кај пациенти кои страдаат од анксиозност, депресија, кои се борат со траума или зависност, кои се соочуваат со губење на блиските, развод или предизвици во врските. Во повеќето случаи библиотерапевтот препорачува книги според специфичните потреби на пациентот. Библиотеапијата се реализира во следните фази.

Идентификација

Во овој процес, лицето што ќе чита, се идентификува со одредени ликови во текстот, иако е можно да се идентификува и со однесувањето на одредени ликови. Ова е најважниот процес и без него другите не функционираат.

Проекција

Во овој процес личната содржина се пренесува на книжевниот лик. Овој процес е втора фаза на идентификација. Суштината е анализа на сопственото и туѓото однесување, каде многу често се наоѓаат алтернативни начини за решавање проблеми.

Катарза

Во текот на овој процес, читателот споделувајќи емоции со книжевниот лик, може да доживее емоционално олеснување.

Увид

Во последниот процес читателот доаѓа до нов вид сфаќање за себе, за другите луѓе или за одредени ситуации. Понекогаш имаме увид во проблемите на другите луѓе и увид во  сопствените, така што читателот може да реши некои свои проблеми на тој начин.

Меѓутоа идејата за книгите како лек за емоционалните потешкотии не е толку нова колку што се чини. Старите Грци над вратите на библиотеките поставувале натписи со кои ги известувале читателите дека влегуваат во „лекувалиште за душата“. Во 19 век лекарите и медицинските сестри од психијатрија препорачувале сѐ, од Библијата до патеписи и дела пишувани на класичните јазици.

Првото појавување на терминот

Илустрираниот медицински речник на Њуман Дорланд прв ја прифатил библиотерапијата, во 1941 г. дефинирајќи ја како „читање книги за лекување нервни болести“. Но според Оксфордскиот речник терминот првпат се појавил 1920 г. во „Проколнатата книжара“ на Кристофер Морли.

Романот ја спојува романтичната комедија на апсурдот помеѓу маркетиншкиот експерт и богатата наследничка со Германецот кој кова заговор да му подметне бомба на американскиот претседател. Истиот е сместен во светот кој сѐ уште закрепнува од Првата светска војна. Се работи за историски роман, но во втор план е бруклинската книжара за половни книги „Домашен Парнас“ т.е. библиофилски рај намирисан со „омекната хартија и кожа“ и тутунот од луле кој по цел ден го пушел нејзиниот сопственик, господинот Мифлин.

Мифлин не бил обичен продавач на книги, туку и „практичар на библиотерапијата“. Како што изјавил самиот: „Задоволство ми е да им препишувам книги на пациентите кои ќе дојдат и ќе ми ги кажат своите симптоми… Никој не е толку благодарен како човекот кому штотуку сте ја дале токму онаа книга која ѝ била потребна на неговата душа, а тој не го знаел тоа.“

Мифлин уште тогаш го практикувал она што истражувачите од Универзитетот во Сасекс одамна се обидуваат да го опишат: дека читањето е поефикасно средство за ублажување на стресот од слушањето музика, долгите прошетки или опуштањето со шолја чај. По шест минути читање книга (било кои книги) стресот кај испитаниците бил намален дури за 68 проценти. Со вистинска книга, дефинитицно би можело да се каже дека читателот има квалитетно поминато време.

Извори
Laguna.rs  и дел од www.bbc.com

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје