Денес се одбележува светскиот ден на поезијата којшто УНЕСКО го во 1999 година го одреди како Меѓународен ден на поезијата.
„Поезијата е прозорец отворен кон воодушевувачките разлики на човештвото“ Колку убав ден за означување на светски ден на поезијата !
Речиси и да нема човек кој не се радува што времето се затоплува и што доаѓа пролет, но за жал истото не можеме да го кажеме дека речиси сите практикуваат да читаат поезија. Луѓето како да се поделени на два типа: едни кои обожаваат да читаат поезија и уживаат во неа и плус можеби и ја пишуваат и оние кои ниту обожаваат да ја читаат ниту ја пишуваат.
Едно е сигурно: доколку не сакаш да ја читаш, сигурно нема да седнеш и да ја пишуваш. Поетот Пабло Неруда напишал: „Поезијата е чин на мирот“. Со оваа мисла и да сакаме, не можеме повеќе да се согласиме.
Поезијата е уникатна и нејзината способност да зборува низ времето, просторот и културата, да продре директно во срцата на луѓето насекаде ја прават токму таква
Поезијата не е луксуз. Лежи во срцата на тоа што сме како мажи и жени, живеејќи заедно денеска, „цртајќи“ по наследството на минатите генерации, чувар е на светот на нашите деца и правнуци. Со славењето на поезијата денеска ние ја славиме нашата способност да се соединиме заедно, во духот на солидарноста, да ја прескокнеме „магловитата граница на нашето време“.
„Поезијата е разоткривање на чувството кое за поетот е интимно а читателот го препознава како сопствено“.
Важноста на поезијата не треба да биде занемарена, мора да бидеме свесни дека таа го надживува поетот, таа опстојува низ времето и со декади, децении и векови.
Кога читаме нечии пишани редови особено од поети кои повеќе не се меѓу живите, треба да имаме предвид дека ние проникнуваме во нивното време, во нивниот живот, нивните мисли, чувства и нештата кои ти ги доживувале претставувајќи ни ги нам преку поезија.
Поезијата нема рок на траење, а постои од многу одамна. Нејзиното име потекнува од грчкиот збор: poiesis, што значи создавање.
Тоа според мене значи дека не само што ги надживува и нејзините творци, што му пркоси на времето и постои во многу различни периоди, плус може да ѝ се припише моќ со која може да се промени светот, зошто самото тоа што се создава со зборови и опстојува со векови треба многу да ни каже.
А, поезијата со години кажува, пренесува, допира, гали, љуби, наежува, восхитва, вчудовидува, порачува, нарачува, поттикнува, инспирира…
Вие одлучувате дали ќе читате поезија и воедно ќе си ја направите пролетта уште поубава, моја препорака е да почнете уште веднаш. „Поезијата е огледало кое го разубавува искривеното.“
На нашиот блог можете и да слушате поезија, покрај тоа што имате можност и да ја прочитате.
Еве неколку линкови кои ќе ве одведат до рецитациите:
Ацо Шопов – Утре (рецитација)
Песни за жената – Гане Тодоровски (рецитација)
Раце (I) – Гане Тодоровски (рецитација)
Раце (II) – Гане Тодоровски (рецитација)
Не одложувај ја песната – Радован Павловски (рецитација)
Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)
Патот по кој одиш – Радован Павловски (рецитација)
Добредојде пролет, се надевам дека ќе бидеш топла и нежна како стиховите на поезијата!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.