Говорот на дрвото – Матеја Матевски (рецитација)

Уживајте во денешната рецитација што ја споделувам со вас. Читам стихови од Матеја Матевски со наслов „Говорот на дрвото“. Пријатно слушање!

Она дрво на ридот
со погледот кон сонцето што стреми
и грлото во облакот и мракот
не збори за себе
Тоа шепоти нешто само со корењето свои
со сенката кон земјата наведната
свидетел на немото време
покрај него што минува
Стои понеуко така од раѓањето свое
не го познава зборот
да му ја прими осамата
Ни небото околу него постојано што кружи
со раската човекова во зеницата
Му се провира молкот низ
небесниот прстен на светлоста
Сал ветерот жнеачот  на празнината
во согласје небесно ги слева
осамата на дрвото
и осамата на светот.

Мртвица (1999)

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?