Elle – Анамарија Наумовска (рецитација)

Пријатно слушање!

Преживеан догматизам,
претопување до најмал остаток,
немоќ за ширината на синило и никогаш прашина,
само премин на струјно треперење
и тогаш кога дозна дека немаш крилја
секое струјно пулсирање го поместуваше
сѐ она што останало помеѓу порите,
онаму каде се храни,
и излегува бунтовноста,
како последен облик на опстанок.
Се смеев во ритамот на твоето пулсирање,
се смеев со воздушната струја
на секое изговорено „лебдам“,
се смеев како на секој,
и на оној што вели дека џезот е мртов,
a литературата нема,
двете знаеме дека Беатриче и денес е жива,
кога порите ги нема – живее пишаниот збор,
бев магнет, а железото не беше ти,
ти лебдеше додека статичноста ме уби,
и ме научи дека ако не постојат крилја – ќе ги замислам.
Затоа што реланоста ми стана поубава со апстракција,
затоа што ти стана една.
Ќе бидеш само внатрешност на една пора,
врежана на некој лист,
драга ТАА, таква си најубава.

Elle (оригинална објава без рецитација)

 

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?