Skip to content

Алелуја

Твојот молк е мој пораз,

И кога се губиш во нејзе

Што ти преостанува?

Имаш нем одговор:

Навидум ништо, а сепак сѐ!

А, таа без музика ти пее,

Ти се обидуваш да ја слушнеш,

Ама попусто.

Во молкот го имаш

Одговорот.

Одблесок светлина стигнува во собата,

Дошло утрото

А, ти буден го пречекуваш.

Ја мразиш будната ноќ,

А, таква некогаш ти е најпотребна.

Тишината која те прегрнува кога си сам.

Алелуја.

Напишете коментар