Skip to content

Тишина – Ацо Шопов (видео рецитација)

Денешниот избор се следниве стихови од Ацо Шопов. Тие се неговите најкратки, најпознати и најмоќни стихови. Задоволство беше да се прочитаат, а уште подраго ми беше да го креирам следново аудио-видео на кое може да се види и самиот текст. Всушност, да се прочитаат тие четири реда полни со мудрости за тишината. Уживајте во слушањето!

Ацо Шопов – Тишина

Ако носиш нешто неизречено,

нешто што те притиска и пече

закопај го во длабока тишина,

тишината сама ќе го рече.

Напишете коментар