Повикувам радост

11.6.2017

Отвори и слободно влези,

Диши длабоко и помисли

Ако си ти болка, што сум јас?

Јас сум само болка со име,

А, не може да се умножиме,

Треба да се разбиеме

А, кога ќе се скршиме на парчиња

Нека нè состават и тогаш

Ако сме пак болка,

Борбата сме ја изгубиле.

Од самиот почеток е зачетокот

Луѓето упорно ја затвараат оваа одаја

Која сама се населува во домовите

А, ти не си ја поканил

Тогаш кога најмалку ти треба,

А, не ѝ текнува да се

Затвори.

Ако не се затвори сама,

Ти обиди се да ја затвориш.

Внатре посади симболи на среќата

Оранжерии од орхидеи и кали

Радосно викни „доста беше“

И сега нека цути радост!

Ја повикувам овде,

Ајде доаѓај!

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?