10 причини зошто во лето треба да се читаат книги

Причини зошто во лето треба да се читаат книги има доволно. Следниот пат на плажа ќе посакате да си понесете книга со вас. Поголемиот дел од нас едвај чекаат температурите да се подигнат, но не за да одат на базен туку за да имаат време да читаат под сенка. Летото ни пристигна, а сега е идеално време да се потсетиме на причините зошто токму овој период е идеален за читање.

1. Кога надвор температурата е повисока од вообичаеното и метеоролозите сугерираат дека се наоѓаме во црвена фаза, тогаш се зазема удобна положба во најстудената просторија и со книга во скут се „преживува“ жештината.

2. Кога се оди на одмор задолжително се понесуваат со себе минимум 2-3 книги за да може удобно додека се сончаме на некоја плажа да си се препуштиме на звуците на водата заедно со книгата.
27130

3. Кога се оди на планина исто така се понесува книга која покрај добро оладениот пијалак и вкусното јадење ќе ви го прави престојот вистинско уживање.

4. Додека седиме дома и мислиме дека надвор е премногу топло за да појдеме некаде се повикуваме на некоја добра книга. Како што поминува денот читајќи сфаќаме дека сонцето веќе го снемало.

5. Додека чекаме автобус на некоја автобуска станица, а притоа сакаме побрзо да го „утепаме“ времето, се повикуваме на некоја книга во е – формат или посегнуваме по книгата која внимателно сме ја сместиле во чантата или ранецот и спокојно без да стапиме во интеракција со останатите трпеливо чекаме да пристигне превозното средство.
reading-20book

6. Кога сме кај автобуските/железничките станици, оние кои патуваат на подолги дестинации со автобус или воз задолжително треба да се снабдат со повеќе книги кои ќе ги читаат додека да стигнат до саканата дестинација.

7. Читањето во парк под сенка им е омилено на оние кои се големи љубители на летното време. Заштитени со опрема против добивање сончаница. Намачкани со крема со заштитен фактор, очила, капа/шешир. Потоа „дружењето“ со книгата во парк и сезоната на летно читање – официјално е отворена.
d480dc7399eb2791c5fef4266c9ff905

8. Покрај река исто така може да се чита книга. Додека некој се занимава со подготовка на скара, а некој густира со пијалакот, љубителите на книги двојно уживаат. Pокрај ладењето со освежителен пијалак се забавуваат со стоплените страници од сонцето кои им се во скутот.

9. Додека се сончаат на плажата со книга во раце љубителите не влегуваат во вода додека не ја завршат главата што ја почнале. Времето за сончање си го мерат според бројот на прочитани глави. Две глави прочитани – па потоа влегување во вода. После излегување – уште една глава додека да се исушам. „Плус уште едно поглавје после тоа додека се сончам пред да влезам повторно во вода“.
2012-07-26-books-lead-thumb-620xauto-42922

10. Најдобар начин да се победи топлото време – да не се бориш против него воопшто. Наместо тоа релаксирано го минуваш времето во ладна просторија, по можност со книга во рака.

Oвие причини зошто треба да се чита овој период се сосема доволни. Пријатно читање!

Прочитајте ги и следниве инспиративни цитати за книгите и читањето.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели