Те жалам – Драган Таневски

Те жалам
кога твојата среќа
е нечија несреќа.

Те жалам
кога твоето богатство
е нечија сиромаштија.

Те жалам
кога твојата љубов
е нечија омраза.

Те жалам
кога твоите пријатели
се нечии душмани.

Те жалам 
кога при очи си слеп,
при уши глув.

Зашто кога при срце 
немаш пулс,
ти, од сите 
си најмногу за жалење.
close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!