Носена од ветрови создадена од бранови, во школка скриена од бел бисер поубава, од сонце потопла, од камен појака, од ѕвезда посјајна. Крие спомени како дете палавштина носи насмев од тага извајан, во очи зрак ѝ блеснува, во коса море ѝ мириса, во прамени од сол кадрици пуштила. Како нежна мелодија со глас душа милува, со поглед срце бранува, со насмев тага истерува. Како небо далечна насекаде е околу тебе, очи штом затвориш ја гледаш, очи штом отвориш ја бараш. Како карпа некршлива солза ја зајакнува, тага ја просветлува, болка ја лекува. Носена од ветрови создадена од бранови, како драгоцен камен чувана, од слика поубава, од вулкан пожива, од воздух попотребна, од храна послатка. Крие цели универзуми, како ноќта што го крие сонцето, планети ѝ се деновите, долги ѝ се ноќите, блиску ѝ се ѕвездите што трепкаат и весело ѝ намигнуваат.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.