Човекот од маглата – Донато Каризи

И за овој месец повторно избравме книга од Донато Каризи. Наслов на оригиналот: LA RAGAZZA NELLA NEBBIA – DONATO CARRISI
Првото издание е од 2016 година, a оригиналот е излезен Ноември, 2015. Се работи за возбудлива приказна за процесот на трагање по едно исчезнато девојче…  Дали Фогел ќе успее да го реши случајот? Манипулацијата со медиумите му е главен адут, а што ќе се случува мора да прочитате за да откриете.

Злото е вистински придвижувач на секоја приказна. Романите, филмовите или видеоигрите во кои сѐ е добро, никому не би биле интересни…Запомнете: злото е она што ја создава приказната.
Ноќта во која сѐ се промени засекогаш беше ладна и магличава, во гратчето скриено меѓу сенките на Алпите. Можеби токму поради таа магла автомобилот на специјалниот агент слета од патот. Тој е во шок – не се сеќава зошто е тука каде што е, ниту пак, како стасал дотаму. Сепак, едно е сигурно: требаше да биде на некое друго место, далеку одовде.“ – Извадок од задната корица.

Топла препорака за овие летни денови, посебно за тие кои сакаат да читаат возбудливи трилер книги.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!