И за овој месец повторно избравме книга од Донато Каризи. Наслов на оригиналот: LA RAGAZZA NELLA NEBBIA – DONATO CARRISI
Првото издание е од 2016 година, a оригиналот е излезен Ноември, 2015. Се работи за возбудлива приказна за процесот на трагање по едно исчезнато девојче… Дали Фогел ќе успее да го реши случајот? Манипулацијата со медиумите му е главен адут, а што ќе се случува мора да прочитате за да откриете.
„Злото е вистински придвижувач на секоја приказна. Романите, филмовите или видеоигрите во кои сѐ е добро, никому не би биле интересни…Запомнете: злото е она што ја создава приказната.
Ноќта во која сѐ се промени засекогаш беше ладна и магличава, во гратчето скриено меѓу сенките на Алпите. Можеби токму поради таа магла автомобилот на специјалниот агент слета од патот. Тој е во шок – не се сеќава зошто е тука каде што е, ниту пак, како стасал дотаму. Сепак, едно е сигурно: требаше да биде на некое друго место, далеку одовде.“ – Извадок од задната корица.
Топла препорака за овие летни денови, посебно за тие кои сакаат да читаат возбудливи трилер книги.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.