Skip to content

Текот на реката

Шаренило во црно-бел свет.
Сивило во обоен живот.
Солза од радост и насмевка низ болка,
две моќни оружја.
Живот тече како река,
ќе се удавиш ако не научиш да пливаш.
Река тече како живот, не можеш да ја запреш,
а сепак умира.
Умрени се и оние што се живи,
а умрените се поживи од нив.
Судбина најупотребуван изговор за помирување,
како можеш да не бидеш помирен со неа
освен ако не веруваш во неа воопшто.
Гледам светлина во најмрачниот тунел
и црнило во најсветлата точка.
Привид или илузија,
имагинација или фантазија
збир на сето тоа една голема инспирација.
И најјакиот е слабак,
а слабакот не е свесен колку е јак
сè додека не е принуден да биде таков.
И сонот сонува и песната пее,
кому ќе ги раскажува неговите соништа,
а кому таа ќе пее песни?
И денот има крај,
крајот е почеток на ноќта,
а почеток на денот е нејзиното умирање.
Секое утро се узминуваат
сонцето и месечината,
вечни патници кои никогаш не се сретнале,
едниот умира за другиот да се роди.
Борба без борци,
борци жедни за победа,
желба за спокој,
глад за љубов
и ништо повеќе не е потребно.

Н.Н.
2015

Напишете коментар