Создадена од слики, мисли и сцени
очекувања и надежи милиони
треба да се скрши како стаклена чаша
празна од штотуку испиено црвено вино.
Затвара очи и уши
од усни немо зборува,
лажни невистини и вистински лаги,
таа проклета крадачка на реалноста.
Создадена од песни, спомени и ноти
во вид на безгласна музика
што пара уши до болка
таа, безобразна нестварна мелодија.
Грабливка на стварноста
некогаш толку посакувана,
кога е непоканета гостинка
затвори ѝ врата.
Викни птица грабливка
нека ја однесе далеку
и нека нè ја враќа,
нека се скрши на парчиња.
А, ти изгради нова објективност.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.