Да ја промовираме и да ја доближиме македонската поезија, творештво и култура до читателите и до сите оние кои сакаат да бидат духовно збогатени без оглед на кое место на земјината топка се наоѓаат, а го говорат и/или разбираат нашиот јазик!
Вие можете да допринесете во „промовирањето“ и доближувањето доколку ја следите нашата страна и доколку ги поканите вашите пријатели да им се допадне нашата фб страна: Крајбрежје на два спротивни света Блог, а исто така можете да направите „share“ на оваа објава, односно да ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи 🙂
Исто така, можете да направите и „follow“ – опција која исто така може да ја најдете од десна страна на почетната страна на блогот и воедно да се регистрирате со меил за да ви стигнуваат известувања во вашата пошта за новите објави.
Да го збогатиме македонскиот интернет простор со нешто поинакво, ново, интересно и културно!
Да паузираме од политички теми, дебати и расправии, седници и вести барем еден час во денот.
Вие мора да си одвоите минимум 2 часа во денот кои ќе ги посветите лично за себе, а наша препорака е од тоа време кое што е наменетно за вас самите да одвоите барем половина час во денот во читање.
Без вашата поддршка и читаност немаше да постои овој блог во интернет просторот.
И, нам ни е драго поради тоа.
И што е најважно, пишуваме и го водиме блогот со многу љубов, затоа што секоја објава е напишана со огромни количини на љубов и позитивност.
Ќе потенцирам дека „главната цел“ ниту сега, а ниту првичната, не беше стекнување на „медиумска популарност“ или било каква друга популарност. Туку можност за пополнување на времето поминато на интернет на продуктивен и забавен начин споделувајќи најразлични дела, содржини и мисли со сите оние кои ќе сакаат да ги видат и прочитаат.
Освен што можевме да се читаме, во последнава нецела година имате можност и да ме слушате каде што рециритам мои и туѓи дела од современи автори или автори кои не се повеќе меѓу нас, а се од големо значење за нашата литература. Доколку не сте запознаени, тука на линкот: Категорија рецитации можете да видите за што станува збор.
Околу рециталите не станува збор за никаков проект, видеата ги правам лично јас и се аматерски (од читање на рециталот до крајниот производ – видео рецитал со текстот од стиховите) поставувани и објавувани на јутјуб каналот чисто од забава, корисно исполнување на слободно време затоа што рецитирањето ме исполнува душевно, и можност сето тоа да биде ставено и зачувано на едно место. Што за среќа на љубителите на поезијата сето тоа може да биде чуено и видено.
Слободно во коментар пишете од кого би сакале да чуете рецитал, можете да наведете име и презиме и наслов на делото!
Имаше една шега дека денес сите станале блогери, твитерџии, диџеи и манекенки, јас би рекла поарно тоа отколку криминалци 🙂
постигнување
Доколку сакате да читате македонски дела, да ја негувате македонската култура допринесете за заедно да ја дооствариме оваа цел – да станете духовно побогати негувајќи ги јазикот, пишаниот збор и делата од македонските автори!
Без посветеноста, трудот, внимателноста, вложувањето на себеси, желбата да се направи нешто поинакво, идејата да се спојат креативно, забавно и на некој начин културно-едукативно и константноста во сето тоа немаше да опстоиме цели 4 години и 6 месеци!
Ви благодариме за секоја посета, нема да зажалите што сте „потрошиле“ време овде и заедно ќе допринесете нашата приказна „Крајбрежје на два спротивни света“ да продолжи да живее!
Ви благодариме на секое читање, на секое споделување, на секоја минута посветена читајќи и желбата да бидете дел од нашите читатели.
Ние сме внатрешно (интринзично мотивирани) нашата „приказна“ да продолжи да постои, а единствена надворешна мотивација која ги поттикнува нашите залагања се вашите посети (читања) и прераскажување (споделувања).
Тоа е доволно за да допринесете за „живоста“ на нашата заедничка приказна!
До следнo!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.