За промена овој месец наместо роман, за книга на месец Ноември ја избравме поетската збирка „Дениција“ од Петре М. Андреевски.
Ова е можеби една од најубавите поетски збирки некогаш напишани кај нас, за што сме сигурни дека љубителите на поезијата едногласно ќе се согласат.
Првпат е објавена во 1968 година и истата година има добиено два награди – Браќа Миладиновци и 11 октомври.
Топла препорака за секој месец, ден, година.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.