Се потсетив на „Ода на радоста“, песната што ја пеев на хор како ученичка во основно одделение, па сакав да ја споделам со вас. „Ода на радоста“ е IV став (дел) од IX симфонија на Лудвиг Ван Бетовен, пишувана врз стиховите на Фридрих Шилер. Оваа симфонија е единствена инструментална композиција во која е внесен вокален дел односно хор.
Радост бистра, убост чиста,
ќерко од Елизија
опивна си моќ што плиска,
занес и поезија.
Твојте сништа спокој шират,
злото што го скротува
сите луѓе да се смират,
духот твој ги сплотува.
Среќни да сте милиони,
јас ви праќам бакнеж врел
дружба, братство, љубов, слога,
да ни мине живот цел.
Другар ти со другар биди,
гордост има секој жив
тој пак тоа што го нема,
нема живот, нема здив.
Фридрих Шилер ја напишал поемата “За радоста” (An die Freude) во 1785 година како “славење на човековото братство”. Подоцна поетот ја презирал нејзината популарност и ја отфрлил како типичен “лош период на возраста” во кој тој ја напишал. По неговата смрт, песната станала текст за хорската изведба на Деветтата симфонија од Лудвиг ван Бетовен.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.