Ода на радоста – химна
Се потсетив на „Ода на радоста“, песната што ја пеев на хор како ученичка во основно одделение, па сакав да ја споделам со вас. „Ода на радоста“ е IV став (дел) од IX симфонија на Лудвиг Ван Бетовен, пишувана врз стиховите на Фридрих Шилер. Оваа симфонија е единствена инструментална композиција во која е внесен вокален дел односно хор.
Радост бистра, убост чиста,
ќерко од Елизија
опивна си моќ што плиска,
занес и поезија.
Твојте сништа спокој шират,
злото што го скротува
сите луѓе да се смират,
духот твој ги сплотува.
Среќни да сте милиони,
јас ви праќам бакнеж врел
дружба, братство, љубов, слога,
да ни мине живот цел.
Другар ти со другар биди,
гордост има секој жив
тој пак тоа што го нема,
нема живот, нема здив.
Фридрих Шилер ја напишал поемата “За радоста” (An die Freude) во 1785 година како “славење на човековото братство”. Подоцна поетот ја презирал нејзината популарност и ја отфрлил како типичен “лош период на возраста” во кој тој ја напишал. По неговата смрт, песната станала текст за хорската изведба на Деветтата симфонија од Лудвиг ван Бетовен.

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.
Молам, може ли некој да ми објасни што значат зборовите “ќерко од Елизија”,
претпоставувам алудирајќи на Европската Унија, и каква врска тоа има со библиската легенда? Благодарам.
Зборовите „ќерко од Елизија“ имаат потекло од грчката митологија, и терминот се поврзува со грчките богови Хесоид, Хомер и Аенеид со значење „рај или живот после смртта“.
Да,да…но, контроверзиите започнуваат токму таму. Според Хомер од Илјада и Одисеја (околу 9 век пне.) Елизија се наоѓала на западниот крај на земјата блиску до океанот. Во делото на Вергилиј (Виргилиј 70-19 пне.) “Енеида” се кажува дека по падот на Троја, Енеј портретиран како прататко на Римскиот народ т.е. на т.н. Западна цивилизација и култура, успева да се спаси од Елините (Грците). Во петтото и шестото пеење на оваа поема е прикажано бегството на Енеј кон Сицилија, и неговото симнување во подземниот свет – свет кој се состои од три дела: тартар (пекол), елизија (рај) и чистилиште. Можат да се најдат и други контроверзии – во Библијата, во Коранот итн. Поентата е: што навистина се опева во официјалната химна на Европската унија!? п.с. Се извинувам ако “гушам” и овде, ама навистина сакам да се расчистат некои работи… Поздрав,
Нам ни е драго што објавата поттикнува дискусија, нема потреба од извинување. Секцијата за коментари е отворена за коментирање и водење дискусии.
Не сум точно информирана за значењето на зборовите во химната, но на интернет постојат куп статии каде може да се најдат различни објаснувања.