Го знаете она чувство кога ви е доста и од луѓе, бука, гужви и галама? Мене ми е доста познато и прилично е интересна самата помисла дека на секој човек барем еднаш во животот му се случило истото. Да му дојде преку глава од сè. Да посака да живее некаде кај што ќе има само тишина, мир и да е сам со себе. Штом ова го почувствувате тоа значи дека ви треба детоксификација од социјални мрежи,
Ресет? Што беше тоа? Тоа е кога веќе е јака потребата за самозближување и одржување контакт само со самиот себе далеку од технологија. Звучи како невозможна мисија? Може да се оствари, но е екстремно тешко одвикнувањето од секојдневното “дозирање“ директно од екраните. Колку што е корисна достапноста на интернет и колку сè повеќе сме опкружени со светликави монитори, мобилни исто толку е штетно нивното влијание врз нашиот мозок, начин и квалитет на живот.
Ресетот се прави многу едноставно, се исклучуваш од сите социјални мрежи барем на две недели. Потоа се натпреваруваш со себе колку време можеш да издржиш без телефонот, компјутерот, интернетот… Ова е многу добар предизвик кој ние го препорачуваме. Ја покажува твојата сила и способност за одолевање на искушенија. Се зајакнува и цврстината, како и самодисциплината. Конечно целата контрола врз одлуките е во твои раце и сфаќаш дека можел денот да помине и без фејсбук, инстаграм, твитер. Ова е и своевиден тест за силните емоции, опсесивноста со одредени активности, тест за одвикнување од навики и спобосност за самоконтрола.
Уште подобар ресет е ако се случува на некоја планина, искачувајќи ја и кај што не земаш со себе никаков вид на технологија освен неопходните работи за преживување во тие денови на самување или дружење со природата. Тоа не подразбира дека треба да си потполно сам, туку дека можеш да имаш придружник. Но и тој да биде со празни џебови од технологија. На тој начин ќе имаш доволно време за размислување за што ти душа сака, па и не сака.
Сам со своите мисли е моментот кој секој еден треба секојдневно да го практикува. Односно одвојување на минимум еден час во тишина или во активноста која те исполнува, а сепак да не е гледање во монитор. Некогаш седењето и гледањето во само една точка е сè што е потребно за малку одмор од брзиот начин на живот. Како и за смирување на мозокот од сите звуци и надворешни влијанија. Ресетот е потребен секому. Не само на оние кои им дошло преку глава од губење време на фејсбук или им стежнало од животните и професионалните обврски. Во текот на одмарањето книги се дозволен. Процесот на “ресетување“ може да биде зајакнат и со читање на дела кои дотогаш сте немале време да ги прочитате.
Доволни се некогаш и само три дена за “ресетувањето“ за човекот да се оддели од негативностите. Да размисли севкупно за сопствениот живот и да се наполни со позитивна енергија. Верувајте дека ендорфинот, серотонинот и допаминот ќе ви бидат ем покачени ем благодарни за третманот кој сте им го дале. Физички вежби можат да бидат вклучени, но не е нужно. Доволно е и пешачење, зависно кај ќе биде спроведен ресетот. Ќе имате мозок одморен од политики и секојдневни случки, и ќе си бидете благодарни на себе за ресетирањето што сте го направиле.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.