Поезија

Светол мрак

wrapped_in_darkness_by_sunlit_photography-d31x3lv

Темно небо се извива во воздухот
во душа мрак убива светли сни,
подол ветар руши сè пред себе
плачеме за трошка мир и спас.
Маглата го мати видот
ни врапче ни славеј песна пее,
во градиве пустина
мачна мелодија во нив се вее.
Црн облак исплакува солзи темни
во јад и жал се капат луѓево земни.
Мирисот на старата липа не е веќе ист
грешни се оние на кои образот не им е чист.
Во далечината бараат познати мисли,
повторувачки безбројни брзозборки
се нижат како печурки после дожд,
сакајќи да го измамат сонцето да се роди.
Босоноги деца трчаат на зелена ливада
чистина и невиност од нив блика
нивните усни полни со цреши
беа далечна носталгична слика.

Слични написи

2 thoughts on “Светол мрак

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје