Никој не знаеше да се смее,
а да голта солзи како неа.
Никој не можеше да изгледа безгрижно,
а да носи сто грижи на плеќи.
Никој не умееше да љуби,
а да се мрази себеси како неа.
Никој не беше толку луд,
а всушност толку нормален како неа.
Никој не знаеше да се смее,
и да пренесува среќа како неа.
Никој не можеше да скрие тага
и истовремено да утешува како неа.
Никој не умееше да прегрне
и да го донесе целиот свет во прегратка.
Никој не знаеше да се скрие
и да биде толку присутен насекаде, како неа.
Никој не можеше да ти недостига
и да те прави комплетен како неа.
Никој не умееше да чува тајни
и да крие спомени како неа.
Никој не знаеше да чекори
и да остави белег со секој чекор.
Никој не можеше да биде Таа,
никој не умееше да биде како неа,
никој не знаеше како се прави тоа.
Никој не можеше да биде Таа,
никој не умееше,
никој не знаеше.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.