Нека е среќен меѓународниот ден за љубителите на книги!

На денешен ден (9-ти Август) се прославува интернационалниот ден на љубителите на книгата. Во таа чест ја подготвивме денешнава статија. За најубавите работи постои специјален ден кој се одбележува на одреден начин. За книгите може неуморо да се пишува, а нивниот број е толку голем што еден живот нe е доволен за да ги прочитаме сите книги што постојат.

Бројот на напишани книги од ден на ден расте, а вашиот број на прочитани книги исто така со текот на годините би требало да бележи пораст.

Зошто вие ги сакате книгите?

Постојат многу причини поради кои „книгољупците“ ги сакаат книгите и го обожаваат читањето, а јас сега ќе набројам неколку од нив.

Читањето овозможува забава и релаксирање кога им се препуштате на приказните.

Мирисот на стара/нова книга е извонреден.

Држењето во раце книга пред да потонете во сон само по себе е еден вид медитација и овозможува полесно заспивање, но и будење наутро!

Минимум еден час сте „изгубени“ во некој друг свет од кој никогаш не е доста додека не ја завршите и последната страница!

Додека читате правите претпоставки што ќе се случува следно во дејствието или со поединечените ликови.

Плачете и се смеете заедно со ликовите кои ги доживувате како личности кои ги знаете цел живот.

Која е моќта на книгите?

Можете да прекинете со читање кога сакате и пак да продолжите каде што сте застанале без никаки грижи дека напишаното ќе го снема.

Можете да си разменувате мислења со други „кнхигољупци“ и да си давате препораки едни на други околу сè што е поврзано со книгите.

Читањето инспирира и внесува новитети и радост во животот!

Читањето ве прави поинакви во позитивна смисла.

Читањето овозможува да живеете најмалку сто животи пред да заврши вашиот.

Читањето го збогатува речникот.

Читањето ве прави поискусни.

Читањето сериозно ја нарушува „глупавоста“.

Читањето според некои истражувања го продолжува животот.

Читањето е една од најрелаксирачките активности кои ве прават побогати.

Читањето можеби може да го расипе видот, но денот не.

Книгата е најдобриот пријател на кој секогаш можете да му се обратите.

Книгата може да се најде во секакво издание (печатена, е-верзија или аудио-книга) и не се дозволени изговори дека „немало место да понесеш книга со себе“ или дека „немало време и место каде да се чита“.

Книгата го проширува вашиот круг на познаници и ве зближува со остантите кои ја делат истата пасија со вас.

Книгата не е само украс за полицата, таа е душата на една соба!

Oвие причини се сосема доволни и ја доловуваат поентата. Вистинските книгољупци не може да не се согласат. 

Прочитајте и зошто е корисно читањето на книги!

Доколку имате нешто да додадете пишете ни во коментар Зошто вие сакате да читате? Како ќе го одбележите овој ден?

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели