Skip to content

Очи бели бисери

N.N

Очи бели бисери
до бескрајот силно светкаат,
бодежи в срце ставаат,
купче сјајни тајни во нив сокриваат.
Очи бели бисери
за гледање надалеку шараат,
длабоко во душата продираат
и тебе те бараат.
Очи бели бисери
во далечини занесени
кон погледот твој летаат
за да го дофатат.
Очи бели бисери
скришно под нив гледаат
за да го видат нереченото
да го сетат скриеното.
Очи бели бисери
молкум солза пуштаат,
за да ја измијат тагата
да ја олеснат душата.

Напишете коментар