Skip to content

Р

Додека го допијувам чајот,
при звукот на Нани Мистик.
Се присетувам на часовите поминати.
Време, се беше наострило.
Облаци пастелни мислиш калапени,
избезумени шетаат де наваму де натаму.
Се присетувам, на денот сончев мистичен.
Каде насмевки се надоврзуваа,
каде погледи се прилепуваа.
Билјардни топки сино-жолти танцуваа.
Сини, како твојата сина кралска крв.
Додека мисли копнееjа, за бакнеж.
И би бакнеж.
И би ноќ, со танц под чаршафот со портрет на Монро.
И би желба остварена за… допир.
И би ноќ непреспиена.
И би насмевка, при утрото развиделено.
И би оние зборови… Good Morning,
кажани со баварски акцент…
Аххх, колку само ми недостасува твоето германско ,,Р,,.

Напишете коментар