Книга VS Филм Психолошко катче Социјална психологија Уметност Филм

Измислени се, но ги сакам: Опсесија со фиктивни јунаци

„Само што запознав прекрасен маж. Фиктивен е, но не може да се има сè во животот“ – изговор на Сесилија, главен лик во филмот на Вуди Ален “The Purple Rose of Cairo”. Нејзиниот живот е несреќен. Бегство од тагата и беспомошноста пронаоѓа во локалното кино. Еден ден, омилениот глумец на Сесилија од нејзиниот омилен филм слегува од филмското платно и се заљубува во неа. Постои само еден проблем – тој е измислен филмски јунак и не му припаѓа на реалниот свет.

Низ оваа приказна, Вуди Ален си поиграл со значењето на уметноста и фантазијата што го имаат за човечкиот живот,. Но и за парасоцијалните односи кои ги градиме со познатите личности. Опседнатоста со фиктивните јунаци секако не е нов феномен, но денес маратонското гледање на серии и филмови е достапно повеќе од никогаш.

Што претставуваат за нас фиктивните приказни и зошто толку емотивно го доживуваме нивниот емотивен завршеток или смрт на јунакот за кој навиваме?

Судејќи според истражувањата, времето кое го поминуваме пред екранот не е губење ниту убивање на времето, туку овие искуства мождат да бидат длабоко лични, социјални, а можат и да играат и важна улога во секојдневното прилагодување.

Фикцијата го имитира животот и ни помага подобро да го разбереме. Читајќи книги или гледајќи филмови, се соочуваме со различни погледи на животните ситуации и случувања. Потоа стекнуваме когнитивни гледишта, го поврзуваме конкретното со апстракното. Но и учиме различни начини со кои може да им се пристапи на реалните проблеми. Пример, од патетичните холивудски драми може да се извлечат значајни пораки. Дури и дека тагата е здрава емоција која може да нè направи подобри. Човекот што чита проживува многу животи кои кај него предизвикуваат длабоки промени – ставови, однесувања, мисли за себе и другите. Истражувањата покажуваат дека ги преземаме цртите на личностите и однесувањата на луѓето на кои им се восхитуваме, без огледа дали тие се вистински или не.

Реалност VS Филм/Книга

Сценариото може да биде измислено, но мислите и емоциите кои ги чувствуваме се реални. Делиме тага со главниот јунак, се радуваме на неговите успеси. Толку се вклучуваме во приказната што го замислуваме како реална личност и претпоставуваме како би се однесувал и чувствувал надвор од книгата или филмот. Социјалните психолози од универзитетот Охајо, Melani Grin и  Timoti Bro, феноменот на апсорбирање на приказната и влегувањето во наративниот свет – до таа мера да тие влијаат на нашите ставови и однесувања во реалниот живот, го нарекуваат „наративна транспортација“.

Инспирирани се од работата на психологот Richard Gerig од универзитетот Stenfor кој се обидел да опише што всушност им се случува на читателите во средба со наративот:

Некој („патник“, тнр.читател) со некое средство е транспортиран, како резултат на изведување на одредена акција. Тој поминува одредено растојание од светот од кој доаѓа, што одредени аспекти од тој свет ги прави непристапни. Патникот се враќа во светот од кој потекнува, а патувањето го променило“.

Фиктивните наративи можат да ги исполнат и нашите социјални потреби и потреби за припаѓање. Едно истражување покажало дека гледањето на телевизиска емисија ги прави гледачите помалку осамени. Дури и размислувањето за омилената серија може да ги намали негативните чувства, ниската самодоверба или чувството на одбиеност како последица на негативни секојдневни искуства. Со самото тоа, односите кои ги градиме со фиктивните ликови се социјални, поточно прецизен термин  би бил парасоцијални, еднострани.

Зошто одбираме да гледаме/читаме одредени содржини?

Според теоријата на употреба и гратификација одбираме да гледаме/читаме одредени содржини како би исполниле одредени потреби. Приказната може да побудува настани од личното минато поради што свесно или несвесно се идентификуваме со ликовите и емпатизираме со нивната судбина. Се случува, на пример, да плачеме за нешто што се случило во филмот. Ова ги објаснува интернет топ листите на филмови кои треба да ги гледате доколку патите поради прекин на врската.

Што претставува фиктивниот свет?

Фиктивниот свет е сигурен простор во кој себеси можеме да си дозволиме да почувствуваме посилни емоции отколку во реалниот свет кој е преполн со друштвени „правила“ за тоа кои емоции и реакции подобро би одговарале. Низ туѓото искуство сме во состојба да ги ослободиме неразрешените емоции и конфликти. Што значи дека „таа“ книга всушност не нè пронашла нас во вистинско време, туку ние потсвесно сме ја пронашле кога таа ни била нам потребна.

Личното значење на содржината на приказната зависи од тоа до која мера се идентификуваме со ликовите. Поточно дали забележуваме сличност со самите нас или луѓето кои не опкружуваат. Полесно ќе се поистоветиме со јунакот кој доживува малтретирање од страна на своите врсници, доколку тоа и нас ни се случило. Со парасоцијалните врски со главните јунаци можеме да го смалиме расчекорот помеѓу нашиот реален и идеален сел. Затоа што кога ги гледаме како патокази и водичи кон правилни однесувања, емоции, цели и ставови едноставно кажано, спонтано преземаме и делови од нивните идентитети.

Експериментирање во светот на фикциите

Во светот на фикциите дозволено е и безбедно експериментирање. Смееме да признаеме дека нè фасцинираат ликовите на Hannibal Lecter, Darth Vader или Joker. Иако во реалноста не би сакале да имаме ништо со таков тип на луѓе. Парасоцијалните односи со опасните филмски фигури не претставуваат закана за нас.

На крајот, разбирањето на односите со фиктивните ликови и наративи не се разликува многу од односите со вистинските луѓе, како и од реалните искуства кои ги стекнуваме во текот на животот. Филмот и книгата можат да ни помогнат да ги преиспитаме своите ставови, однесувања и верувања, да развиеме емпатија, да пораснеме и созрееме и да му дадеме дополнителна смисла на нашиот живот.

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје